Како да препознаете кога некој ве лаже? Истражување спроведено на универзитетот „Корнел“ анализирало 1.703 разговори на апликацијата „Вацап“ за да открие детали за луѓето кои лажат.
Анализата открила дека на луѓето кои лажат најчесто им треба подолго време да одговорат, веројатно бидејќи се обидуваат да дојдат до соодветен одговор. Освен тоа, лажговците се обидуваат да ги одбегнат темите на разговор во кои лажат бидејќи не се чувствуваат пријатно.
Лицата кои лажат најчесто користат и повеќе зборови во одговорите за да изгледаат поубедливи. Се смета дека во пораките, жените користат просечно седум зборови, а мажите осум.
Зборови кои ги користат лажговците
Постојат некои зборови кои лажговците ги користат почесто, а тоа се „веројатно“, „можеби“ и „можно“. На овој начин, тоа што го кажуваат може да се толкува на повеќе начини. Тие користат зборови и како „некои“, „сигурно“ и „обидува“ за нивните одговори да изгледаат помалку дефинитивни.
Истражувањето покажало и дека лажговците почесто ги користат зборовите „јас“, „јас сум“ и „мој“, што веројатно е поради потребата да се оправдаат.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Pixabay