X
 14.02.2024 Наука

Социјалните мрежи можат да откријат на кого му е потребна помош за менталното здравје

Употребата на јазикот во социјалните медиуми може да биде корисна алатка за социјалните научници бидејќи ги одразува условите на животот во областите од кои потекнуваат објавите.

- Постои корелација помеѓу социјалните нееднаквости и јазичните обрасци во социјалните медиуми - вели професорот Лукас М. Биети од Одделот за психологија при Норвешкиот универзитет за наука и технологија.

Истражувачите проучувале 30 милиони објави на платформата „Х/Твитер“ од САД. Тие го споредиле јазикот што се користи во твитовите со условите за живот во населбите од кои се објавени.

- Начинот на кој го користиме јазикот открива нешто за нас и за условите во кои живееме - вели Биети.

За оваа студија, тој соработувал со колегата Ерик Мејџор од Универзитетот во Базел. Резултатите се објавени во списанието „Хелион“.

- Јазичните обрасци откриваат дека, во просек, луѓето од етничките малцинства покажуваат поизразени знаци на депресија и пониска приспособливост - вели професорот Биети.

Ниската приспособливост е термин кој се користи за да се опише како луѓето реагираат на големи промени, како што е губење на работата. Истражувачите, исто така, откриле корелации помеѓу тоа колку е богата или сиромашна областа и процентот на етничките малцинства, кои покажуваат знаци на депресија и лошо приспособување.

- Колку е посиромашно подрачјето и колку е поголем процентот на етничките малцинства, толку се појасни јазичните знаци на депресија и ниската приспособливост - вели Биети.

Генерално, многу етнички малцинства во САД имаат пониско ниво на образование и пониски приходи од мнозинството. Биети претходно го истражувал јазикот што се користи на „Х/Твитер“, во однос на времето од неделата кога се испраќаат пораките. Таа студија покажала дека се користи во многу попозитивен контекст во попладневните часови отколку наутро, што е најфреквентниот период од денот за повеќето луѓе.

- Анализирањето на јазичните обрасци во објавите на социјалните мрежи е корисен метод што може да ни помогне да ги разбереме трендовите во менталното здравје. Методот ни овозможува да го споредиме расположението на луѓето во одредена област во различно време и како тоа се менува со текот на времето. Особено е корисен кога недостигаат податоци за јавното здравје од некоја област или тие не се доволно добри - вели Биети.

Меѓу другото, методот може да ни помогне да го процениме влијанието што значајните настани го имаат врз менталното здравје, додава тој.

- Индикаторите можат да ни покажат каде треба да спроведеме различни здравствени кампањи и социјални иницијативи, особено во области каде што условите за живот се полоши отколку на друго место - заклучува Биети.

Извор: Okvir.net

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука