08.09.2016
Живот
Проверувајте кого цитирате!
Многу од овие реченици, најверојатно, сте ги прочитале на социјалните мрежи, а можеби некогаш и сте ги искористиле како цитати. Но, откако ќе чуете кој ги изговорил, сигурно ќе го промените мислењето за “идеите” зад нив.
Зборовите градат мостови во неистражените региони.
Полицемерно не може да биде! Автор на оваа мисла е човекот под чија директива настрадало човештвото, не само луѓето што биле негови жртви. Се работи за Адолф Хитлер. Убаво осмислени, овие зборови биле одлична пропаганда, за да се затскрие намерата за насилно освојување на териториите од страна на нацистичка Германија.
Оној кој престанува да се труди да биде подобар, престанува да биде добар.
Ова го смислил и го изговорил Оливер Кромвел, првиот премиер на англиската република од 1653 до 1658 година. Историјата го памети како убиец на кралот и човек кој однел во ропство 50.000 ирски католици. Владеел како диктатор.
Други можеби ќе те мразат, но нема да те победат, ако ти кон нив не чувствуваш омраза.
Со оваа мисла Никсон се прости од персоналот во Белата куќа, по обелоденувањето на аферата со прислушувањето, Вотергејт.
Никогаш не жали за вчера. Животот е денес, а самиот си го создаваш утрето.
Сјајот на овие зборови се губи во моментот кога ќе се сетиме кој ги смислил. Станува збор за Л. Рон Хубард, креаторот на скиентологијата (скапа и профитерска “религија”).
Еднаквоста не значи ништо, ако не е инкорпорирана во институциите.
Заводлива мисла, особено денес кога опшиот модел на општество особено се повикува на еднаквост. Но, идејата е испразнета од суштина, бидејќи ја изговорил човек кој ги гушел институциите, се пресметувал со политичките неистомисленици, а додека владеел – еднаквоста не ни постоела како концепт. Тоа е Слободан Милошевиќ.
Додека има љубов во твоето срце, никогаш нема да си сам.
Колку хипички звучи оваа изрека, и колку е потребна да се споделува. Но... да не ја кажеше Чарлс Менсон, секташ кој носи “на душа” 35 жртви. Сам никогаш не убил, но поттинувал луѓе да го сторат тоа, поради што до денес се наоѓа во затвор.
Верувам само во едно нешто – моќта на човековата волја.
Сталин, можеби, убаво зборувал за волјата, но во неговиот СССР луѓето баш и немале слободна волја. Додека владеел, бил господар на животот и смртта во СССР
Подготвил: Б.Б.