X
 16.06.2017 Култура

Достоевски: „Кога е богатството изгубено - ништо не е изгубено, кога здравјето е изгубено - скоро сѐ е изгубено“

Фјодор Михајлович Достоевски бил голем руски писател познат како еден од првите претставници на психолошкиот реализам во европската книжевност. Неговите најпознати романи се „Злосторство и казна“ и „Браќата Карамазови“.

Во продолжение следуваат некои од неговите и ден денес најцитирани мисли и поуки.

„Моќта им е дадена само на оние кои се доволно храбри да посегнат и да ја подигнат. Само една работа е важна, само една - да бидеш храбар“.

„Човек е склон кон набројување на своите неволји, но никогаш не ги набројува неговите радости. Кога би ги наброил онака како што тие заслужуваат, би видел дека секој има доволно среќа во животот“.

„Некого е подобро да го имаш помеѓу непријателите отколку меѓу пријателите. Ништо на светот не е потешко од искреноста и не постои ништо полесно од ласкањето“.

„Ако си успешен во нешто или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат“.

„Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа, не мисли на минатото, гледај само во иднината“.

„Ако си се упатил кон целта и по пат често пати застануваш за со камен да го удираш секое куче кое лае по тебе, никогаш нема да стигнеш до целта“.

„Кога е богатството изгубено - ништо не е изгубено, кога здравјето е изгубено - скоро сè е изгубено“.

„Ако со било што ја криете нечистотијата, таа и понатаму ќе остане нечистотија“.

„Оној кој самиот себеси се лаже, најлесно се навредува“.

„Ако при секоја пријателска услуга одма мислите на благодарност, тогаш не сте подариле, туку продале“.

„Тоа е мистерија на човечкиот живот - старата тага со текот на времето, постепено прераснува во мирна радост“.

„Сите идеали на светот не вредат за солзите на едно дете.  Никогаш ништо не преземајте додека сте бесни“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура