X
 08.09.2023 Живот

Мерилин Монро: „Насмевката е најубавата шминка што може да ја носи жената“

Мерилин Монро, една од најголемите икони на филмската индустрија, ги освои срцата на публиката ширум светот со својата единствена комбинација на нежност и сила.

Нејзините цитати и денес се инспирација и потсетник дека женственоста е повеќе од атрибутите на површината, туку сила што доаѓа однатре.

- Најубавото нешто што можеш да го почувствуваш е кога некој те сака.

- Се надевам дека ќе ме паметат како личност која дошла од ништо.

- Сакам да бидам одговорна, независна жена која знае да го носи сопствениот товар.

- Ако не можеш да се справиш со мене во мојата најлоша состојба, тогаш не ме заслужуваш кога сум во најдобра состојба.

- За да успееш во животот мора да имаш страст и волја, но најважно е да веруваш во себе.

- Нема ништо лошо во тоа да се биде различен. Всушност, тоа те прави посебен и единствен.

- Убавината е минлива, но она што останува е карактерот и внатрешната убавина.

- Најди го она што те прави среќен и држи се до него, без разлика на сѐ.

- Не можеш да контролираш како другите те гледаат, но можеш да контролираш како се гледаш себеси и како реагираш на тоа.

- Научив дека животот не е совршен, но тоа е она што го прави убав и интересен.

- Биди храбар и ризикувај, бидејќи само така ќе дознаеш колку си навистина способен.

- Љубовта е најголемата моќ што ја поседуваме. Никогаш не заборавај дека да се биде сакан е едно од најубавите чувства.

- Секоја грешка што ја правиш е можност да научиш и да растеш.

- Мажите мислат дека жените се како книги. Ако корицата не им фати на око, нема ни да се потрудат да прочитаат што има внатре.

- Најубавото нешто за мене е спиењето, тогаш барем можам да сонувам.

- Сите ние сме ѕвезди и сите заслужуваме да блескаме.

- Насмевката е најубавата шминка што може да ја носи жената.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот