„Инстаграм“ работи на нова, посебна апликација за шопинг која најверојатно ќе се вика „Ај-Џи шопинг“.
Преку оваа апликација корисниците ќе можат да ги прегледаат производите од брендовите што ги следат на главната инстаграм-апликација, а посакуваните производи ќе можат да ги купат токму преку апликацијата „Ај-Џи шопинг“.
Од „Инстаграм“ не сакаа да ја коментираат новата апликација, меѓутоа, странските веб-страници велат дека имаат извори што ја потврдиле оваа приказна. Сепак, во овој момент не се познати многу детали.
Брендовите засега можат индиректно да ги продаваат своите производи преку „
Инстаграм“ така што на објавените фотографии ги означуваат своите производи со линкови што корисниците ги водат до веб-страницата на брендот. Освен тоа, брендовите можат да ги продаваат своите производи и преку „Инстаграм приказни“.