X
 08.09.2020 Наука

Физичар објаснува како ќе изгледа крајот на вселената

Речиси и не постои генерација во историјата на човештвото што не се прашала кога светот ќе го доживее својот крај и како ќе изгледа тоа, а некои дури и се обидуваат да го предвидат датумот. Историјата на човештвото била сведок на многу датуми означени како „крајот на светот“, но очигледно ниту еден од нив не се покажал како точен. Сè уште.

Теоретскиот физичар Мат Каплан предвидува кога ќе му дојде крајот на универзумот. Добрата вест е што Каплан предвидува дека крајот на сето она што ни е познато и непознато во универзумот е прилично далеку во иднината. Тој тврди дека крајот на вселената ќе настапи во текот на наредните неколку милијарди години.

- Универзумот ќе биде тажно, осамено, студено место. Вселената главно ќе ја сочинуваат црни дупки и согорени ѕвезди - објаснува тој.

Според неговото истражување, откако ќе престане формирањето на нови ѕвезди, многу бели ѕвезди-џуџиња ќе експлодираат како супернова во далечната иднина и ќе станат црни ѕвезди-џуџиња, односно студени ѕвезди што повеќе нема да сјаат.

- Ѕвездите со маса околу 10 пати помала од Сонцето немаат доволно гравитација или густина да произведат железо во нивното јадро онака како што тоа го прават масивните ѕвезди, па тие нема да можат да експлодираат како супернова. Како што белите џуџиња ќе се ладат, во текот на наредните милијарди години ќе станат сè помалку блескави и со текот на времето ќе замрзнат и ќе станат црни џуџиња што повеќе нема да сјаат - вели Каплан.

nasa
Фото: NASA

Тој вели дека приближно 1 отсто од постојните ѕвезди ќе експлодираат, тие што се околу 1,2 до 1,4 пати поголеми од масата на нашето Сонце, а остатокот ќе бидат црни џуџиња. Според него, ова може да е последното интересно нешто во универзумот.

- Тие може да се последната супернова. Галаксиите ќе се распрснат, црните дупки ќе исчезнат, а проширувањето на универзумот ќе ги одвлече сите преостанати предмети досега, освен што никој веќе нема да види дека некоја ќе експлодира - вели тој.

Каплан предвидува и дека Сонцето кое, според него, не е способно да експлодира во предвиденото сценарио, ќе остане во мртвиот универзум како црно џуџе.

- Дури и со бавни нуклеарни реакции, нашето Сонце нема да има доволно маса за некогаш да експлодира во супернова, дури и во далечна иднина - вели тој.

Извор: Sputniknews.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука