Компанија во Велика Британија во моментов води клиничко испитување за она што би можело да биде првата универзална вакцина за грип во светот. Таквата вакцина би имала огромна придобивка за глобалното јавно здравје и ќе доведе до елиминирање на потребата за годишна вакцинација.
Во моментов нашата планета се соочува со многу опасна сезона на грип, а сезонската вакцина се докажало дека е помалку ефективна од вообичаено. Потребата за пронаоѓање универзална вакцина се јавува најмногу поради тоа што вирусот продолжува да мутира. Процесот за пронаоѓање на вакцината се менува во согласност со начинот на кој вирусот мутира за време на периодот додека вакцината се произведува – тоа одзема неколку месеци. Секако дека би било подобро за сите, на глобално ниво, да се користи универзална вакцина која би нè штитела подолг временски период. Изгледа дека „Вакцитек“ – приватна метода на универзитетот „Оксфорд“, е сè поблиску до таа цел.
Компанијата најавила дека собрала средства во вредност од 27,6 милиони долари од инвеститори, па започнала со клиничко испитување на универзалната вакцина за грип, кое ќе трае 2 години. Досега била успешно тестирана на 145 луѓе, а следниот чекор е да се утврди дали е ефикасна во штитењето против грипот.
Вакцината треба да функционира различно од вообичаените вакцини. Наменета е да ги поттикне Т-клетките (тип на имунолошка клетка), кои веќе се запознаени со грипот и да го користи стабилниот материјал на вирусот, за таа цел. Засега тестирањата се вршат на 862 лица на возраст од 65 години и постари, а истражувачите проценуваат дека испитувањата ќе бидат завршени до октомври 2019 година. За време на испитувањето сите учесници ќе добиваат и регуларна вакцина против грип. Хипотезата на истражувачите е дека нивната нова вакцина би требало да ја зголеми заштитата на волонтерите против грипот подобро, ако добијат вакцина на годишно ниво. Ако тоа се покаже како вистинито, тогаш
испитувањето ќе премине во нова фаза.
Ова не е прва вакцина што се смета за универзална против грип, но е првата што достигнала ваков чекор за вистинско тестирање на луѓе. Ако сè оди според планот и се покаже како ефикасна, научниците сметаат дека може да се најде на пазарот за 5 до 7 години.