Марк Твен е одличен извор на интересни и мудри цитати. Ова се само неколку од најдобрите негови цитати кои може да ни помогнат да имаме подобар живот.
- На човекот не може да му биде удобно без сопствено одобрување.
- Староста е прашање на умот над материјата. Доколку не ви пречи, не е важна.
- Хуморот е најголем благослов на човештвото.
- Бесот е отров кој повеќе може да му наштети на садот во кој се чува отколку на она на што се истура.
- Не зборувајте дека светот ви должи нешто. Светот ништо не ви должи. Тој прв бил овде.
- Личноста со нова идеја е луда сè додека идејата не ѝ успее.
- Одвлечете ги своите мисли од своите неволји... за уши, за петици или на кој било друг начин на кој може да се снајдете. - Најдобар начин да се развеселите е да се обидете да развеселите некого.
- По дваесет години повеќе ќе бидете разочарани од работите што не сте ги направиле отколку од оние што сте ги направиле. Затоа фрлете го сидрото. Испловете од сигурното пристаниште. Фатете ги ветровите во свое едро. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.
Извор:
DDL
Фото: Wikipedia