Џон Роналд Руел Толкин е англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Во светската книжевна јавност Толкин е познат по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.
По неговата смрт, неговиот син Кристофер Толкин објавил дела кои се всушност необјавени ракописи на Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен Арда и Средна земја.
Иако голем број писатели имале објавено книги од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ доведе до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр.
Ова се некои од неговите најдобри цитати.
- Не сите што талкаат се изгубени.
- Сите мора да одлучиме што да правиме со времето што ни е дадено.
- Пенкалото за мене е она што е клунот за кокошката.
- Не е злато сѐ што сјае.
- Длабоките корења не ги стигнува мразот.
- Дури и најмалата личност може да го промени курсот на иднината.
- Храброста се наоѓа на необични места.
- Малку по малку, човек може да патува далеку.
- Широкиот свет е за вас: можете да се оградите, но не можете вечно да го оградите.
- Светот не е во твоите книги и мапи, туку надвор.
- Еден сон е помоќен од илјада реалности.
- Лажните надежи се поопасни од стравовите.
- Малите секојдневни дела на обичните луѓе ја чуваат темнината подалеку. Малите дела на љубов и добрина.