X
 02.01.2015 Живот

Цитати што треба да ги усвоите во вашиот секојдневен живот

Повеќето од нас живеат и се водат според некое мото, без разлика дали некој ни го кажал или самите ние сме го развиле со текот на времето. Со сите одлични и инспиративни цитати, тешко е да се издвои еден и тој да биде мантра според која човек ќе живее. Затоа, ви нудиме неколку одлични

1. „Не си живеел денес сѐ додека не си направил нешто за некој кој не може да ти возврати“ - Џон Банјан

Често пати сме толку зафатени со давање-земање процесот на животот што често пати го забораваме вистинскиот дух на дарежливост - еден во кој даваме без очекување на добиеме нешто за возврат. Волонтирањето без никаков профит е одличен начин на вметнување на оваа фраза во нашиот секојдневен живот.

2. „Животот е премногу краток за да се будите наутро со каење. Затоа, сакајте ги луѓето кои со вас се однесуваат добро и заборавете на другите кои се однесуваат лошо. И верувајте дека сѐ што се случува, се случува со причина. Ако добиете шанса, прифатете ја. Ако го промени вашиот живот, дозволете. Никој не рече дека ќе биде лесно, само постои ветување дека ќе биде вредно“ - Харив Меккеј

Не си го трошете животот за луѓе кои ќе го спречат остварувањето на вашиот целосен потенцијал.

3. „Љубовта е трпелива, љубовта е љубезна, таа не завидува, не се фали, не е горда, и не ги срами другите, не се лути лесно, не е злопамтило, не го возвишува злото, туку се радува со вистината, секогаш заштитува, секогаш ја кажува вистината, секогаш се надева“ - 1 Коринтјаните 13:4

Прилично долг цитат кој ја кажува вистинската природа на љубовта и како сите ние треба да се сакаме.

4. „Ако не ја кажуваш вистината за себе, не можеш да ја кажеш вистината за другите луѓе“ - Вирџинија Вулф

Пократката верзија на ова е „Не биди идиот“. Доколку не си искрен со другите за себе, тогаш нема што да се мешаш во нивните животи особено ако вашата намера е да шириете лаги.

5. „Научив дека луѓето ќе заборават што сте рекле, ќе заборават што сте направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле тие да се чувствуваат“ - Маја Ангелоу

Вашите постигнувања не ги обликуваат другите туку начинот на кој се поврзале со вас на емоционално ниво.

6. „Подобро е да те мразат поради она што си, отколку да те сакаат за она што не си“ - Андре Жид

Понекогаш сѐ што сакаме е да ги задоволиме луѓето околу нас, меѓутоа не вреди кога ризикувате да го промените идентитетот. Бидете свои и секогаш вистинити кон себе. Ако луѓето не ве сакаат поради тоа, оставете ги. Подобро е отколку да се преправате дека сте некој што не сте.

7. „Потребно ни е да научиме да се сакаме себеси, со сите наши доблести и маани. Ако не можеме да се сакаме себеси, не можеме целосно да се отвориме кон можноста да ги сакаме другите или нашиот потенцијал да создаваме“ - Џон Ленон

Ова е сличен на претходниот цитат. За да можеме да ги сакаме другите и да живееме исполнет живот, потребно е да се сакаме себеси и да го прифатиме секој дел од нас - добриот, лошиот и грдиот.

8. „Биди промената која сакаш да ја видиш во животот“ - Махатма Ганди

Ако сакате нешто да се промени, првиот чекор до промената е да започнете од себеси.

9. „Вистината е дека секој ќе ве повреди. Единствено што треба да направите е да пронајдете личност за која е вредно да страдете“ - Боб Марли


Сите сакаме да го мислиме најдоброто за луѓето во нашите животи, меѓутоа неизбежно е дека тие ќе нѐ повредат и разочараат на овој или оној начин. После сѐ, тие се само луѓе. Меѓутоа важно е да правите разлика меѓу оние кои не се вредни за болката и борбата, и оние кои се вредни.

10. „Среќата може да биде пронајдена дури и во најтемните времиња, ако еден човек запомни да го пушти светлото“ - Стиви Кловс (Албус Думбелдор)

Сигурно нема да погрешите доколку се одлучите вашата мантра да биди фраза од Хари Потер, особено кога станува збор за најмудриот човек. Среќата е избор, а позитивноста е доблест.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот