X
 08.10.2026 Наука

Лекари првпат успеале да намалат тумор кај бебе уште додека било во утробата

Кинески лекари намалија потенцијално смртоносен тумор во градите на бебе додека сè уште било во утробата без да се направи ниту еден рез, со што развија иновативна процедура што би можела да спаси илјадници животи.

Бебето развило генетска белодробна малформација позната како ЦПАМ, за која лекарите велат дека се јавува кај приближно 1 од 25.000 до 35.000 бремености.

Таа претежно не е опасна, но во мал број случаи туморот може да порасне многу брзо и да стане исклучително голем, со што предизвикува силен притисок врз срцето и белите дробови, а тоа може да доведе и до фатален исход за фетусот.

Во моментов не постои единствен стандарден третман за сите случаи на ЦПАМ. Во одредени ситуации, на бремените мајки им се даваат стероидни лекови за да се намали туморот кај бебето.

Во ретки случаи кога CPAM опфаќа голема циста исполнета со течност, лекарите можат да стават игла низ стомакот и матката на мајката и да постават цевка за дренажа помеѓу цистата и воденикот што ја опкружува матката. Во значителен дел од случаите каде што се поставени вакви цевки за дренажа, забележано е предвремено породување.

Исто така, може да се изврши и процедура наречена фетална лобектомија. Ова подразбира хируршко отворање на матката за да се отстрани туморот од фетусот, по што тој се враќа назад во утробата. Сепак, тоа е голема операција и само околу 50 отсто од бебињата родени од мајки подложени на оваа процедура преживуваат, според истражување на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Во најновиот случај, кинески лекари употребија минимално инвазивна техника за да го намалат големиот тумор кај бебе додека сè уште било во утробата на 40-годишна мајка.


Во 22. гестациска недела, туморот пораснал на околу 5 сантиметри, што било доволно за да ги притиска неговото срце и бели дробови. Лекарите забележале и опасно собирање на течност во стомакот на бебето.

Тие поставиле мала игла низ стомакот на мајката директно во вродениот белодробен тумор и преку неа доставиле микробранова енергија во утробата за да го загреат и уништат деформираното ткиво.

Процедурата функционира со вибрирање на молекулите на водата за да се создаде интензивна топлина, со што туморот се уништува однатре.

Туморот значително се намалил во рок од три дена по процедурата, а собраната течност во стомакот на бебето целосно исчезнала.

Новороденчето било родено во 37. недела со царски рез, со тежина од околу 2,9 килограми.

Лекарите велат дека ова е пресвртен момент, истакнувајќи дека ова е прва забележана употреба на методот на микробранова аблација за фетален ЦРАМ. Тие нагласија дека иако ветува, безбедноста и ефективноста на оваа процедура не можат со сигурност да се потврдат само врз основа на еден случај.

Доколку се покаже дека е безбеден, применлив и делотворен, овој метод би можел да стане уште една опција за лекување на тешките случаи на ЦРАМ, додаваат тие.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука