X
 12.06.2016 Наука

Кои ќе бидат имињата на четирите нови хемиски елементи

име

 

Време е да се преправат книгите по хемија - повторно!. IUPAC формално предложија имиња за четирите нови хемиски елементи: нихониј (елемент 113), московиј (елемент 115), оганесон (елемент 118) и тенесин (елемент 117).


Името на елементот 113, доаѓа од „Nihon“, чие име директно го поврзува со земјата во која бил откриен, Јапонија; „Nihhon“ буквално значи земјата на изгрејсонцето на јапонски. Друг збор кандидат беше „Nipponium“, но зборот веќе беше искористено од хемичарите. Во 1908 година Масатака Огава го именуваше елементот 43 со ова име, но името никогаш официјално  не било прифатено, бидејќи другите хемичари не биле во можност да ја реплицираат работата на Огава.

20 години подоцна, конечно стана јасно дека Огава всушност нашол елемент, но не тој што мислел: „Nipponium“ всушност беше елементот 75, кој стана познат како „rhenium“. Јапонскиот тим кој го откри елементот 113 вели дека го избрале името „нихониј“ делумно во чест на пионерската работа на Д-р. Огава.

Тенесин (Ts) е именувано во чест на Оак Риџ, Утен и Вандербит кои придонеле во негово откривање. Московиј (Мс) и оганесон (Og) биле откриени од тим од Заедничкиот истражувачки центар за нуклеарни истражувања во Дубна, Русија и истражувачи од Лоенс Ливермор. Името московиј е прилично очигледно, но оганесон е именуван по физичаро Јури Оганесон, кој не само што го предводел рускиот тим туку и придонел за откривањето на дубниум, бориум и сиборгиум.

Ова ќе биде втор пат елемент да биде именуван по жив човек. Првиот пат беше всушност елементот сиборгиум кој беше именуван по Глен Сиборг, добитник на Нобеловата награда за хемија кој придонесе за откривање на многу елементи.

Четирите откриени елементи ја поткрепуваат идејата на „остров на стабилност“. Сиборг беше еден од првите пионерски хемичари кои се обиделе да синтетизираат стабилни супертешки елементи. „Островот на стабилноста“ се темели на идејата дека јадрата на атомите имаат аранжман на квантно ниво на енергија слична на валентните електрони школки. Се'уште неоткриениот елемент 120 е најмалиот што се очекува да се вклучи во островот, бидејќи има магичен број на нуклеони кои го прават стабилно сфероидното јадро. Како и да е, овие тешки елементи се радиоактивни, такашто не може да се видат во широка потрошувачка. Тие ќе служат за проверка и насочување на предвидувањето на нуклеарната теорија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука