X
 16.06.2019 Култура

Откриени три писма на Ајнштајн што даваат увид во неговите размислувања за квантната физика

Три писма на Ајнштајн напишани во 1945 година даваат интригантен увид во критиките на познатиот физичар за тоа како научниците ја толкувале физиката на квантно ниво. Писмата, што Ајнштајн ги испратил до физичарот Пол Епстеин, ги опишуваат сомнежите за квантната теорија на Ајнштајн.

Едно од писмата дава детали за мисловниот експеримент што довел до квантниот концепт познат како „морничаво дејство на далечина“ - кога одделни честички се однесуваат како да се поврзани. Писмата, што вкупно се осум страници и се напишани на германски јазик, беа понудени на аукција во Њујорк како дел од аукцијата „Фајн Принтед Букс“. Првото е продадено за 93.000 долари, второто за 81.000 долари, а за третото нема податоци.

pismo
Фото: Christie's Images LTD.

Зборовите на Ајнштајн во писмото го демонстрираат неговиот однос со квантната физика или теориите што го опишуваат светот на најмалите атоми и супатомски честички внатре во нив. Со децении, Ајнштајн бил во конфликт со физичарот Нилс Бор, чии погледи за работата на квантниот свет наведуваат дека честичките се однесуваат поинаку кога се набљудувани. Ова вовело основен елемент на несигурност во однесувањето на квантните честички. Но, Ајнштајн убедливо ја отфрлил оваа перспектива и наместо тоа, тврдел дека правилата дури и за малите честички мора да биде конзистентни без оглед дали честичките се набљудувани или не.

Ајнштајн го опишал неговото „приватно мислење“ за квантната физика во едно од писмата од 1945 година, наведувајќи ја реченицата што денес е позната: „Бог не се коцка со универзумот“. Во писмото, тој напишал: „Бог неуморно се коцка под закони што самиот ги пропишал“. Оваа варијација го разјаснила неговиот аргумент дека квантните честички мора да се придржуваат до одредени правила што не се менуваат по случаен избор и дека квантниот свет бара подобро објаснување за однесувањето на честичките.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура