X
 08.11.2018 Технологија

Најбрзиот мотоцикл во светот во 2020 година ќе биде електричен

Производителот на мотоцикли „Кертис“ конечно ќе го реализира својот концепт на електричен мотоцикл кој ќе влезе во масовно производство.

Компанијата најави два нови моделa, кои претставуваат комерцијални верзии на нејзиниот прототип „зевс“, наречени „кафе“ и „бобер“. Тие треба да се појават во 2020 година.

Прототип верзијата „зевс“ беше објавена во мај, но оттогаш дизајнот значително се промени.

Според „Кертис“, двата нови модела имаат понапреден дизајн и подобрена технологија, која испорачува максимална брзина од 450 километри на час и забрзување од 0 до 100 километри на час за 2,1 секунди, со мотор од 140 коњски сили.

Сето ова ќе ги направи најбрзите сериски модели во светот.

Сликите на „Кертис“ сè уште се концептуални, со оглед на нереалното седење или недостигот на огледала. Ова значи дека можеме да очекуваме некои козметички промени пред официјалната премиера.

„Кертис“ неодамна објави уште еден електричен прототип наречен „хера“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија