X
 23.12.2022 Живот

Како изгледа возењето со еден од најбрзите возови во светот?

Роберт Дацешин, блогер и патник од Босна и Херцеговина, го документирал своето патување со еден од најбрзите возови во светот.

Тој се возел со возот „Шинкансен“ во Јапонија, а во видео покажал како изгледа внатрешноста на возот и како изгледа возењето со него. Овој воз достигнува брзина од околу 320 километри на час и е еден од најбрзите во светот.

- Јапонците се познати по своите возови и се една од водечките земји во светот по стапката на нивно користење - вели Дацешин во видеото.

Возењето со возот во втора класа од Токио од Кјото чинело 100 евра. Седиштата потсетуваат на оние во авионите, вратите се отвораат автоматски, а има и доволно штекери.

Јапонија во следните неколку години треба да добие уште побрз воз кој ќе може да достигне брзина од над 700 километри на час.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот