X
 19.04.2024 Наука

Кој е најбрзиот јазик во светот?

Кога учите нов јазик, лесно е да се стекне впечаток дека луѓето изговараат реченици на мајчиниот јазик многу побрзо отколку што може да обработи мозокот.

Науката вели дека некои јазици може да бидат побрзи од другите. Се разбира, брзината на говорот може да варира од личност до личност. Некои луѓе зборуваат бавно, додека други кажуваат зборови „како од пушка“. Исто така, повеќето луѓе го менуваат темпото на говорот во зависност од расположението и слично.

Сепак, еден од најприфатените начини за проучување на брзината на јазикот е бројот на слогови во секунда. Многу лингвистички истражувања ја разгледуваат оваа метрика и многумина доаѓаат до истиот заклучок: јапонскиот јазик е најбрзиот јазик во светот.

Истражување од 2011 година на истражувачите од Универзитетот во Лион разгледало седум различни јазици и ги рангирало според слоговите во секунда. Јапонија се најде на врвот со 7,84 слога во секунда, а потоа следуваа шпанскиот (7,82 слога во секунда), францускиот (7,18 слога во секунда), италијанскиот (6,99 слога во секунда), англискиот (6,19 слога во секунда), германскиот (5,97 слога во секунда) и мандаринскиот (5,18 слога во секунда).

Интересно, воочената брзина на јазикот, исто така, може да има врска со тоа колку информации може да шифрира.

Друго истражување од Универзитетот во Лион во 2019 година истражувало 17 различни јазици низ Европа и Азија во однос на информациите по слог. Иако јапонскиот се зборува брзо, тој не содржи многу информации со секој слог. Истражувачите сметаат дека можеби јазикот се зборува побрзо во обид да се пополнат речениците со повеќе значење.

- Најдовме цврсти докази дека некои јазици се зборуваат побрзо од другите (на пример, јапонските и шпанските говорници произведуваат околу 50 отсто повеќе слогови во секунда од виетнамските и тајландските говорници). Исто така, некои јазици „спакуваат“ повеќе информации по слог поради нивната фонологија и граматика (на пример, англискиот има околу 11 пати повеќе видови слогови отколку што се можни во јапонскиот). Но, поважно е тоа што постои - вели Ден Дедиу, коавтор на истражувањето од 2019 година.

Но, наодите од истражувањето треба да се земат со доза на сомнеж. Голем дел од научниците не се согласуваат дека податоците го поткрепуваат тврдењето дека постојат значителни разлики во темпото помеѓу различните јазици и дијалекти.

Постаро истражување од 60-тите години ја споредило стапката на говор на шест јапонски говорници и шест американско-англиски говорници, заклучувајќи дека нема значителни разлики во стапката на говор помеѓу двете групи.

Вреди да се забележи дека голем дел од овие лингвистички истражувања се фокусирани на европските и источноазиските јазици, занемарувајќи ги илјадниците други различни јазици што постојат во светот. Иако е точно дека речиси половина од светската популација зборува еден од само десет јазици како свој мајчин јазик, постои богатство од јазици кои веројатно ќе им пркосат на сите претпоставки.

Извор: Iflscience.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука