X
 08.11.2022 Живот

Во оваа земја најмалку се работи, најмногу се ужива и најдолго се живее

Балансот помеѓу деловните обврски и приватниот живот сѐ повеќе се истакнува како важен фактор за животот. Треба да го имате предвид тоа додека размислувате да се преселите во земја идеална за живеење бидејќи понекогаш работите не се баш како што ни изгледаат од далечина.

Постигнувањето идеална рамнотежа не е лесно, особено кога ќе се земат предвид начинот и трошоците за живеење во големите градови. Ако се прашувате кои нации успеваат најдобро да ги балансираат работата и слободното време, ова се резултатите од новото истражување.

Параметрите што се земаат предвид при рангирањето на земјите вклучуваат просечен број на работни часови неделно, должина на годишен одмор, процент на жители кои имаат добар ноќен сон, очекуван животен век и чувство на среќа.

Според сите критериуми, Луксембург се наоѓа на врвот благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат постарите вработени со поголем годишен одмор. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат 36 дена платен годишен одмор во просек.

Австрија и Данска ги заземаат второто и третото место. Овие земји им даваат на работниците минимум 25 дена платен одмор годишно.

Погледнете ја топ-10 листата со земји чии жители најмногу уживаат во животот:

1. Луксембург
2. Австрија
3. Данска
4. Норвешка
5. Финска
6. Шведска
7. Франција
8. Белорусија
9. Холандија
10. Швајцарија

Велика Британија се најде на 17. место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81 година, а повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека во просек спиеле 7,5 часа во текот на ноќта, што е прилично добар резултат.

viena
Фото: Freepik

Интересно е што САД се најдоа на 87. место затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платен одмор, а во анкетата дел од населението се пожалило дека има лош квалитет на сон во текот на ноќта.

Кина, Мексико и Малезија се најлошо рангирани бидејќи во сите три земји просечното работно време е 46 часа неделно. Бидејќи работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време, но не е така бидејќи во Кина добивате само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.

Извор: 6yka.com  | Preply.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот