X
 28.11.2017 Живот

Реалноста зад оваа позната слика

Се сеќавате ли на заднината на „Мајкрософт виндоус“ со островот опколен со тиркизна вода? На островот нема ништо освен неколку палми, бел песок и бескрајна бистра вода. Сте се запрашале ли некогаш од каде е таа фотографија, односно за кое место станува збор?

фото извор: Supplied

Тој мал остров е само 1 од 365 острови познати како Сан Блас – дел од архипелагот од брегот на Панама. Вистински рај на земјата. Природна убавина која потсетува на познатите Малдиви, но ова е место кое нема ресорти, односно нема метеж од туристи и луксузни хотели. Наместо тоа, има пријателски расположени локални жители и патувачи авантуристи кои пловат низ целиот свет. Можете да се сместите во мала куќичка или да спиете на бродот, со кој можете да дојдете до островот. Исто така, отворена е и можноста за кампување.

Се работи за едни од најзачуваните места на светот, острови што се населени од луѓето Куна. Тие се решени да го зачуваат својот дом, па не дозволуваат комерцијализирање и продавање на местото за создавање бизниси. Интернационалните летови се скапи, па често патниците се качуваат на локални бродови за да стигнат до местото.

фотоизвор: Supplied

Иако изгледа чудно што нема ресорти и многумина помислуваат дека нема што да се прави на островите Сан Блас, освен капење и сончање, сепак се организираат тури за шетање на локалните заедници, исто така има можност за риболов, едрење, како и сите подводни активности што можете да ги замислите. На многумина им пречи и тоа што нема безжична мрежа, но ако некој е подготвен за искусување период без луксузите од модерниот живот, тогаш ова е местото каде што може целосно да ужива во природните убавини.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот