X
 09.01.2018 Живот

Кина ќе сади шуми на површина колку Ирска

Кина планира да посади нови шуми во 2018 година кои ќе покриваат површина со големина на Ирска. Целта е да се подобри квалитетот на животната средина.

фотоизвор: Getty Images

Земјата се надева дека ќе ја зголеми покриеноста со шуми за 23 проценти до крајот на деценијата. Се работи за вкупно 6,6 милиони хектари површина.

Во акцијата е добредојдено вклучувањето на компании, организации и специјалисти за формирање зелени површини, а соработката помеѓу владата и општествениот капитал ќе биде на листата со приоритети.

Кина има вкупна површина со шуми од 208 милиони хектари. Уште една причина поради која се прави ова е и големата загаденост во Пекинг. Околу 8 милиони хектари со дрвја биле изгубени помеѓу 2001 и 2016 година. Најголема загуба се случила во 2016 година кога исчезнале околу 700.000 хектари шума.

И покрај големите загуби, земјата напорно работи на подобрување на состојбата со цел соочување со предизвиците на животната средина и нивно решавање.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот