Фотографот Калид Ел Анази направил фотографии од голема карпа во облик на риба која излегува од песокот во пустината во Саудиска Арабија. Фотографиите од необичната карпа биле направени со дрон во текот на снимањето на археолошките богатства во округот Ал-Ула.
- Додека го документирав пределот, пред мене се појави нешто како планина со облик на риба во срцето на пустината - изјавил Ел Анази.
Тој претпоставува дека не е првиот човек што ја видел карпата, но можеби е првиот што го забележал нејзиниот необичен облик бидејќи гледал од птичја перспектива. Фотографот ја нарекол карпата Пустинска риба.
По објавувањето на неговите фотографии, многумина помислиле дека карпата можеби е остаток од големо морско чудовиште, но тоа сепак не е така. Станува збор за карпа која го добила обликот поради повеќе фактори, изјавил Ел Анази.
Извор:
CNN
Насловна фотографија:
Twitter