Кубер Педи е рударско гратче кое се наоѓа на средината во пустината во државата Јужна Австралија, на околу 840 километри оддалеченост од Аделаида.
Во него живеат околу 3.500 жители, а повеќето се вработени во рудникот за опал.
Кубер Педи го нарекуваат и „главниот град на опалот“, затоа што се работи за најголемиот рудник каде се ископува овој полускапоцен камен во светот.
(
Фото: BRJ INC / flickr)
Иако температурите во ова гратче се движат околу 30 Целзиусови степени, во летните месеци термометарот може да покажува и 20 степени повеќе. Дополнително, дождовите на ова подрачје се многу ретки, поради што мнозинството население живее под земјата.
Подземните станови, уметничките галерии, кафулињата и црквите се опремени со сите потребни работи, од струја и вода, до интернет. Недостасува само сончева светлина. Сепак, жителите мораат да излезат над земја кога треба да набават некои работи, затоа што единствените две продавници со мешовита стока во местото се наоѓаат над земја.
Заради својот необичен стил на живот, откако е пуштен во употреба автопатот Стјуарт, Кубер Педи стана лесно достапен туристички куриозитет што го посетуваат многу туристи од целиот свет. Сепак, треба да се нагласи дека не се работи за евтина дестинација.
На пример, за ноќевање во подземните соби на хотелот „Дизерт кејв“ треба да се издвојат нешто помалку од 100 евра по лице.