X
 27.01.2016 Економија

Тивката опасност која му се заканува на човештвото

На човештвото му се заканува голема опасност, а истата е поврзана со парите. Имено, некои светски медиуми пишуваат дека Саудиска Арабија би можела да го раскине фиксниот курс на ријалот кон доларот. Доколку ријалот девалвира, цената на нафтата би паднала и под 10 долари за барел. Тогаш би девалвирале и Кувајт, Катар и Емиратите, па и рубљата, песото, боливарот, кванзата, алжичкиот динар...


Некои медиуми го нарекуваат ова „најцрн од сите црни лебеди“, мислејќи на екстремно ретките, неочекувани и непредвидени настани со катаклизмички последици. Кога би се случило ова, ријалот би доживеал девалвација, цената на нафтата би паднала и во Саудиска Арабија би следувала хиперинфлација. За светските финансии тоа би било како удар на термонуклеарна бомба.

Во првиот бран, сите други земји од Заливот кои имаат валути врзани со американскиот долар, би доживеале девалвација и ерупција на инфлација. Во следниот бран би девалвирале рубљата, канадскиот и австралискиот долар, песото, боливарот, алжискиот динар итн.

За жал, ова не е само хипотеза, туку истото веќе се случува. Последица е на драстичниот пад на цената на нафтата и природниот гас, но и други енергенти и руди. Казахстан изминатата година престанал да го следи курсот на доларот, а истото го стори и Азербејџан пред помалку од еден месец.

Каква врска има цената на нафтата со валутните курсеви?

Кога нафтата и гасот вределе повеќе, земјите извозници имале голем прелив на „петро-долар“, а можностите за заработка ги привлекувале странските инвеститори. Како последица, девизите во локалната валута станувале сè поевтини, а локалната валута сè повредна, па тие земји станувале сè поскапи. Земјите ги врзувале своите валути за доларот, а фиксниот курс го браниле така што купувале вишок долари и ги чувале во девизни резерви.

Сега, кога паѓа нафтата на цената, се случува спротивното. Странските инвеститори бегаат од тие земји и ја менуваат локалната валута во долари за да може да ги изнесат. За курсот да остане непроменет, централните банки во тие земји ги продаваат доларите од своите резерви. Меѓутоа, резервите не смеат да бидат потрошени до крај, па во еден момент ќе бидат присилени од се откажат од одбрана на курсот и да го препуштат на „пливањето“ на пазарот според понудата и побарувачката на девизи. Кога курсната брана ќе попушти, локалната валута ќе девалвира.

Саудијците ги собирале девизните резерви со продажбата на нафтата, но кога таа поефтинила, тие морале да започнат да ги трошат. До крајот на 2015 година потрошиле 118 милијарди долари, а доколку продолжат со исто темпо, ќе стигнат до ѕидот за три години.

Како што стојат работите, пораст на цената на нафтата нема на повидок.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија