X
 09.01.2017 Живот

Зошто часовниците од рекламите покажуваат исто време?

Пред да се даде образложение за тоа зошто часовниците на рекламите покажуваат исто време, потребно е да се разјасни еден мит кој вели дека тоа се прави во чест на Абрахам Линколн/Џон Кенеди/Мартин Лутер Кинг, бидејќи овие личности починале токму во 10:10 (поточно 10:09:38).

Меѓутоа тоа не е вистина со оглед на тоа што Линколн бил убиен во 22:15, и починал следното утро во 7:22. Џон Кенеди бил застрелан во 12:30, а бил прогласен за мртов во 13:00 часот, а Мартин Лутер Кинг бил застрелан во 18:06 и прогласен за мртов во 19:05.
Друга теорија вели дека 10:10 е часот кога била фрлена атомската бомба врз Хирошима и Нагасаки, па часовникот е наместен во честа на жртвите. Меѓутоа атомската бомба била фрлена во 11:02 часот, додека другата атомска бомба во 8:15 часот.

Вистинската причина за поставувањето на стрелките? Естетика. Позицијата 10:10 му дава на часовникот неколку предности:

• Стрелките не се преклопуваат, така што тие се целосно и јасно видливи.

• Стрелките се симетрични - нешто што на луѓето им е попријатно за гледање од асиметријата, со што производот е попривлечен за купувачите.

• Логото на производителот е обично во центарот на часовникот под 12, така што не само што е подобро видливо, туку стрелките му прават убава рамка.

• Дополнителните елементи кои се наоѓаат на часовникот обично се сместени во близина на 3, 6 или 9, па вака наместени стрелките не ги покриваат.

Според вработените во „Тимекс“, стандардното поставување порано било 8:20, меѓутоа на овој начин стрелките формираат тажно лице. За да направат производот да изгледа посреќно, поставувањето беше сменето во насмевка што ја формираат стрелките кога се на 10:10. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот