Еден од проблемите со капитализмот е дека трошиме пари кои ги немаме. Зошто го правиме тоа? Голема причина е ефективноста на маркетингот. Зошто рекламирањето е толку ефективно?
Според Џона Сакс, поранешен извршен директор и основач на „Free range studios“, гледаме илјадници реклами дневно, а повеќето од нив ни велат дека „доколку не го купиме тој производ нема да бидеме доволно богати, доволно паметни, доволно убави“.
Франческа Фиорентини од видеото одлично го опишува проблемот:
„Рекламите се како лошите пријатели: Прават да се чувствувате бескорисни, грди и неинтересни, но сепак се дружите со нив.“
Но, како да се соочиме со нешто што го гледаме илјада пати дневно? Најголемото оружје кое го имаме е критичкото размислување. Успешните реклами не ви продаваат на логика, туку на емоции.