Со натпреварите Белорусија – Србија и Германија – Холандија вечерва од 18:15 часот ќе биде отворено Европското ракометно првенство за мажи.
На шампионатот, кој ќе се игра во Австрија, Шведска и Норвешка, ќе учествуваат 24 репрезентации поделени по четири во шест групи. Меѓу нив е и македонската селекција, која ќе игра во Б-групата заедно со Чешка, Украина и домаќинот Австрија. Својот прв дуел македонските ракометари ќе ги имаат утре со Украина, на 12 се среќаваат со Чешка, а на 14 јануари противник ќе им биде Австрија.
Во А-групата се: Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија.
Групата – Ц ја сочинуваат: Шпанија, Германија, Летонија и Холандија.
Четирите ривали во Д-групата се: Франција, Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.
Во Е-групата се наоѓаат: Данска, Унгарија, Исланд и Русија.
Група Ф: Шведска, Словенија, Швајцарија и Полска.
Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.
Натпреварите ќе може да ги гледате на телевизија „Телма“.
Извор: МИА