Хемичарот Дмитриј Иванович Менделеев (8 февруари 1834-2 февруари 1907) е човекот кој го измислил периодниот систем на хемиските елементи
Тој бил роден во Сибир во семејство од 17 деца. Неговиот татко бил професор, но го загубил видот и ја загубил и работата. Неговата мајка работела во фабрика за стакло и го издржувала семејството.
Татко му починал кога Дмитриј имал 13 години, а две години подоцна пожар ја уништил фабриката во која работела мајка му. Следната година, неговата мајка го однела од другата страна од земјата за да му обезбеди добро образование. Тој бил примен на универзитетот во Санкт Перетзбург.
Менделеев објавувал трудови пред да наполни 20 години, а присуствувал на првата хемиска конференција на 26 години. До средината на триесеттите години, тој бил преокупиран со класифицирање на 56-те елементи тогаш познати. По долго размислување, тој стигнал до креативното решение преку потсвеста.
Една вечер во февруари, по тежок работен ден, Менделеев го видел периодниот систем на сон. Соновите ги организираат идеите, сликите и информациите кои нè окупираат за време на будните часови. Така, неговите идеи и информации се собрале во неговиот сон.
Менделеев се
потсетува на тоа во својот дневник:
„На сон видов табела кадешто сите елементи паѓаа на своето место. Будејќи се, веднаш го запишав тоа на лист хартија.“
Периодниот систем се користи и денес, а во моментов има 118 хемиски елементи.