X
 18.01.2016 Наука

Жената која открила 3 од новите 4 хемиски елементи

Дон Шонеси и нејзиниот тим во групата „Heavy element“ работат на тоа хемијата да биде уште покомплицирана и потешка од сега. Сè уште нема елемент кој е именуван во нејзина чест, но Дон Шонеси, релативно млада хемичарка од националната лабораторија во САД „Lawrence Livermore“, е една од најуспешните истражувачи во малиот свет научници кои бараат нови елементи за периодниот систем.


Тимот кој го води таа, групата „Heavy element“, стои зад откривањето на три од четирите нови елементи кои беа претставени и додадени во периодниот систем изминатата година. Групата работела заедно со истражувачи во Русија и Тенеси. Оваа група стои зад откривањето на дури 6 од 26-те нови елементи додадени од 1940 година. Еден елемент, ливермориум, бил именуван во чест на лабораторијата.

Шонеси некогаш сакала да стане лекар или хирург, но започнала да се интересира за науката во средно училиште. Таа се надева дека повеќе деца и тинејџери ќе размислуваат за нејзината професија.

„Мислам дека малкумина добиваат можност за научат за светот околу нив“, вели Шонеси.


Новите елементи кои биле откриени неодамна се потешки и понестабилни од досега најтешкиот елемент најден во природата - ураниумот. Овие елементи постојат само во мали количини и во делови од секунда пред да се раздвојат во помали делови.

И додека други истражувачи работат на откривање потешки елементи, Шонеси се обидува да создаде алатки за истражување на хемиските карактеристики на некои од откриените елементи.

„Интересот за откривање нови елементи е да се обноват нашите теории за постоењето на материјата и начинот на кој се формира јадрото. Секогаш кога ги поместуваме границите за наоѓање нов елемент, тоа ги подобрува нашите модели и нашето основно разбирање за екстремните граници на материјата“, вели Шонеси за „Fast coexist“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука