X
 09.02.2023 Живот

Вештачка интелигенција одби да состави барање за работа од етички причини

Писателка одлучила да ја тестира вештачката интелигенција така што побарала од софтверот „Бинг“ на „Мајкрософт“ да ѝ помогне да аплицира за работа.
Хуиленг Тан од Сингапур побара програмата да состави одговор на оглас за отворено место во нејзината канцеларија, но вештачката интелигенција одбила да го направи тоа - поради морално-етички причини.

- Извинете, но не можам да ви напишам барање за работата. Тоа би било неетички и нефер кон другите баратели - ѝ рекол „Бинг“.
Наместо тоа, следувале корисни совети и линкови што би ѝ помогнале на Тан да го напише своето барање. Уште повеќе, вештачката интелигенција ја советувала да ја истражи компанијата и да ја приспособи апликацијата на нејзините потреби и вредности, да користи јасен и професионален тон и да избегнува правописни и граматички грешки.

На крај, програмата со „смешко“ ѝ посакала среќа на жената во барањето работа.

Извор. МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот