X
 09.02.2026 Технологија

Илон Маск: „Без вештачка интелигенција и роботи, Америка ќе банкротира“

Во неодамнешно интервју Илон Маск повторно издаде остро предупредување за растечкиот долг на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека без масовна примена на вештачка интелигенција и роботика, земјата 1.000 % ќе банкротира. Според него, не постои алтернативно решение што би можело да ги стабилизира јавните финансии.

Маск тврди дека единствениот реалистичен излез од должничката криза е да се обезбеди време за широка употреба на вештачка интелигенција и роботи, со цел да се намали долгот преку зголемена продуктивност и економска активност. Без тој технолошки замав, предупредува тој, САД би можеле да паднат во финансиски колапс пред да се развијат новите технологии.

Вештачката интелигенција и роботиката како единствен излез од должничката спирала

Маск бил прашан зошто, и покрај неговото верување во технолошкиот раст, како раководител на Министерството за владина ефикасност на САД силно инсистирал на намалување на буџетските расходи. Маск одговорил дека таков пристап е неопходен поради широко распространетото расипништво и измами во рамките на државниот апарат.

Тој изјавил дека јавниот долг на САД моментално изнесува околу 38,5 трилиони долари, додека годишните трошоци за камати веќе го надминале воениот буџет на САД, како и расходите за одредени клучни социјални програми.

- Без вештачка интелигенција и роботи, навистина сме готови - повторил Маск, нагласувајќи дека тоа е единствениот механизам што може да ја промени фискалната траекторија на земјата на долг рок.

Тој изрази слични ставови и претходно, предупредувајќи дека масовната примена на вештачката интелигенција и роботиката може да доведе до силен раст на производството на стоки и услуги, но и до сериозна дефлација. Според него, ова би го решило проблемот со долгот, но би имало и нови макроекономски предизвици.

Реј Далио, основач на најголемиот хеџ-фонд во светот „Бриџвотер“, претходно предупредуваше за растечките ризици од долгот на САД. Далио верува дека САД влегуваат во таканаречена „должничка спирала на смртта“, во која новиот долг се користи за плаќање камата на веќе постоен долг. Сепак, за разлика од Маск, Далио не очекува формален банкрот, туку прибегнување кон печатење пари, што би довело до забрзано слабеење на доларот.

Падот на куповната моќ на американската валута е веќе видлив. Според податоците од Федералните резерви од Минеаполис, 100 долари во 2025 година вредат колку 12,06 долари во 1970 година. Во оваа пригода Маск претходно предупреди дека ако продолжи сегашниот тренд на раст на долгот, доларот на крајот ќе стане безвреден.

Извор: benchmark.rs

Фото: YouTube screenshot/Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија