„Деветтата симфонија“ на Лудвиг ван Бетовен е една од најпознатите симфонии во историјата на музиката. Од друга страна, „Десеттата симфонија“ не е ни приближно толку позната бидејќи Бетовен не стигнал да ја заврши. Ја почнал и оставил белешки за неа пред да почине, во 1827 г.
Група композитори и експерти од областа направиле програма со вештачка интелигенција која ја завршила симфонијата. „Дојче телеком“ го финансирал проектот, а за резултатот било снимено и кратко видео.
Симфонијата наскоро ќе биде изведена од страна на оркестар. Дел од симфонијата може да се слушне во видеото во продолжение.
Извор:
Open Culture
Фото: Pixabay