X
 08.08.2021 Технологија

За првпат е доделен патент за изум на систем за вештачка интелигенција

Јужноафриканската Република неодамна одобрила патент за кутии за складирање храна кој изгледа навидум обичен. Иновацијата е во тоа што кутиите лесно може да се користат од страна на роботи. Но иако изумот не звучи специјално, тој го привлекува вниманието на светската јавност бидејќи станува збор за иновација на систем за вештачка интелигенција наречен ДАБУС.

Системот бил создаден од Стивен Талер, пионер во областа на вештачката интелигенција и програмирањето. Истиот го симулира осмислувањето на нови идеи на луѓето и има цел да создава изуми. Тој е посебен вид вештачка интелигенција која е способна за независно и комплексно функционирање, а која се разликува од вештачката интелигенција на која сме навикнати.


Фото: Pixabay

Биле поднесени барања за патенти за изумот на системот во повеќе земји, меѓу кои САД, Европската Унија, Австралија и Јужноафриканската Република. Досега само Јужноафриканската Република го одобрила патентот.

Многумина ја критикуваат оваа одлука на африканската држава, особено оние кои се експерти во областа на интелектуална сопственост.

Патентот бил објавен овде во јули годинава.

Извор: The Conversation
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија