X
 09.03.2016 Образование

Најдобрите учители се воедно и најсложените учители: тие од учениците бараат размислување

Наставнците играат голема улога во воспитувањето на секое дете, а нивното влијание и значење е големо. Во продолжение прочитајте некои познати цитати за наставниците.

„Во следните 50 години нема да биде важно каков автомобил возите, во каква куќа живеете, колку пари имате во банка или каква облека носите. Но светот може да биде барем малку подобар доколку одиграте важна улога во животот на детето“ - непознат автор.

„Ако кон поединецот се однесуваш како тој да е она што треба и може да биде, тој ќе стане тоа што треба и да може да биде“ - Гете.

„Јас сум само еден од многумината. Но, јас сум само еден. Не можам да направам сè, но може да направам нешто. Поради тоа што не можам да направам сè, нема да одбијам да направам она што можам“ - Едвард Еверет Хејл.

„Знаењето не е да се знае знаење, туку знаењето е да се даде знаење“ - народна поговорка.

„Душата оздравува кога е со деца“ - Достоевски.

„Учителот не предава тоа што сака, не предава тоа што знае, туку предава тоа што е“ - непознат автор.

„Наставата е многу полесна од воспитувањето. За наставата мора да се знае само нешто. За воспитувањето мора да се биде нешто“ - Адалберт Стифтер.

„Разговарај со детето како да е возрасен, па нема да згрешиш“ - М. Матошец.

„Индетификувајќи се со учителот или дистанцирајќи се од него, одделението се дели според постигнувањето на успех“ - Парсонс.

„Толку колку што веруваме во можноста и вредноста на другиот толку напор во тоа вложуваме“ - А. Муњиот.

„Децата кои ги уверуваме дека се лоши, верувајќи дека навистина е така, така мора и да се однесуваат, а ние тогаш се чудиме зошто се такви кон нас“ - П. Хок.

„Полесно е да се вика на детето или да се плесне отколку да му се помогне подобро да се однесува“ - Р. А. Суло.

„Да се бориш за нешто е многу благородно. Важно е притоа понекогаш да се признае пораз“ - С. Х. Ким.

„Никој кој поради лага добил ќотек на тој начин не ја засакал вистината“ - Гете.

„Најмногу што образованието може да му пружи на детето во неговиот развој е да му помогне и да го насочи кон подрачје во кое неговата надареност најмногу одговара, кадешто ќе биде задоволно и стручно“ - Д. Голман

„Секој може да се налути - тоа е лесно. Но да се налутите на вистинската личност, до точниот степен, во вистински момент, поради правилна причина и на исправен начин - не е лесно“ - Аристотел

„Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерното образование во младоста“ - Еразмо.

„Најдобрите учители се воедно и најсложените учители: тие од учениците бараат размислување“ - В. Гласер.

„Ако учителот секогаш користи исти стратегии, а ученикот е секогаш неуспешен, кој од нив двајца, всушност, споро учи?“ - Ерик Јенсен.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование