X
 24.11.2017 Живот

Џон Ф. Кенеди: „Човек може да умре, нации може да се кренат и да паднат, но идејата живее“

Џон Ф. Кенеди, 35. претседател на САД, често истакнувал неколку клучни работи за лидерството. За време на неговиот краток мандат ги искусил Студената војна, Ракетната криза во Куба и го поддржал движењето за граѓански права. Бил убиен на 22 ноември 1963 година, но неговите цитати останале запаметени.

1. „Правата на секој човек се намалени кога правата на еден човек се загрозени“.

2. „Времињата се сериозни, предизвиците итни, а ризиците високи за да се дозволат вообичаени страсти во политичка дебата. Не сме тука за да ја проколнуваме темнината, туку да запалиме свеќа, која ќе нè осветли и води низ темнината кон безбедна и разумна иднина“.

3. „За храброст, а не самозадоволство. Тоа е нашата потреба денес. Лидерство, а не трговија. Единствениот тест за лидерство е способноста да се води и да се води енергично“.

4. „Данте еднаш рекол дека најтоплите места во пеколот се резервирани за оние што во период на морална криза ја задржале својата неутралност“.

5. „Да не дозволиме да мислиме за образованието само врз основа на тоа колку чини, туку каков потенцијал има за човековиот ум, кој може да биде разбран преку него. Да мислиме на образованието како на развој на нашите најголеми способности бидејќи во секој од нас има надеж и сон, дека ако се исполни, ќе може да биде трансформиран во придобивка за сите и поголема сила за нашата нација“.

6. „Слободата не е само збор или апстрактна теорија, туку најефективен инструмент за напредување на благосостојбата на човекот“.

7. „Заедно, има малку што не можеме да направиме во многубројните кооперативни потфати. Поделени, малку можеме да направиме – па се осмелуваме да не се сретнеме со моќен предизвик ако сме разделени“. 

8. „Проблемите на светот не можат да бидат решени со скептици и циници чии хоризонти се ограничени од очигледни реалности. Потребни ни се луѓе кои можат да сонуваат за работи што никогаш не се постигнале и да се прашаат: Зошто да не?“

9. „Цивилноста не е знак на слабост, а искреноста секогаш е предмет за доказ. Да не преговараме поради страв. Но, и никогаш да не се плашиме да преговараме“.

10. „Што бара вистината? Бара да се соочиме со фактите такви какви што се, да не дозволиме да западнеме во измама, да одбиеме да размислуваме само во слогани. Ако сакаме да работиме за иднината на градот, тогаш да се соочиме со реалноста каква што е, а не каква што може да биде и каква што ние сакаме да биде“.

11. „Ниеден претседател не треба да се плаши од јавното надгледување на неговата програма. Бидејќи од тоа надгледување доаѓа и разбирање, а од разбирањето произлегува поддршка и опозиција. А и двете се потребни“.

12. „Времето за поправка на покривот е најпогодно кога сонцето сјае“.

13. „Човек може да умре, нации може да се кренат и да паднат, но идејата живее. Идеите имаат траење без смрт“.

14. „Од оние на кои многу им е дадено, многу и се бара“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот