X
 27.02.2017 Образование

Еволуцијата на улогата на наставниците

За да се трансформира учењето и предавањето, секогаш се поставува прашањето дали наставниците имаат волја да бидат во тек со технологијата, но важно е и дали сме сите ние подготвени да ги промениме нашите очекувања за тоа како учениците учат?

Придобивката на технологијата е дека може да обезбеди нови можности за учење и пристап до нови информации отколку порано. Наставниците играат водечка улога во развивањето на врската со студентите додека исто така создаваат општество каде што студентите развиваат и меѓусебен однос. Нивна задача е и да ги поттикнат учениците да соработуваат меѓусебно, да решаваат проблеми и да ги разбираат различните перспективи.


Фото: Pixabay

Моќта на наставниците е во креирањето на искуствата, поврзување на учениците со општеството и развивање на нивните вештини, знаење и способности за решавање на проблеми. Технологијата воедно го трансформира и пристапот кон знаењето, па им овозможува на наставниците да ја зголемат интеракцијата во училницата и да ги насочат учениците кон откривање нови знаења.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование