Во Италија, Финска е позната како Финландија. На јапонски е Финрандо, а англискиот термин Финланд е интернационално прифатен, иако нашиот термин Финска не е далеку од другите имиња.
Трендот на нарекување на оваа скандинавска држава со името Финска е константен во цел свет, а исклучок е само една држава - а тоа е самата Финска. Имено, Финците својата држава ја нарекуваат „Соми“, додека нејзиното име во Естонија, Литванија и Латвија има неколку варијации од името Суоми.
Се претпоставува дека овој не-уралски етноним е со германско потекло и е поврзан со зборот „finthan“ што значи да се најде, да се забележи, да се проба. Првото споменување на терминот Финска или „Финлонти“ било пронајдено на плочите во Шведска и на еден шведски остров. Но, факт е дека така се нарекувал еден мал дел од земјата на југозапад, која денес е позната како историска провинција на Финланд Пропер. Сепак, од каде самото име на Финците за луѓето кои живеат во Финска е една од најголемите историски мистерии за која дури и денес, лингвистите и историчарите немаат конкретен одговор.