X
 07.02.2020 Култура

Сценарија на играни филмови инспирирани од криминални досиеја

Креативни сериски убијци, незапирлива банда на насилници, крадци што не оставаат докази... Иако фразата „базирано на вистински настани“ се смета за маркетиншки трик, многу популарни трилери и акциони филмови се всушност вистинска приказна. Покрај тоа, некои од сценаријата на филмовите се целосно препишани од криминални досиеја.

„Убиство во Ориент експрес“

Познатиот класик на Агата Кристи - „Убиство во Ориент експрес“, кој е екранизиран повеќе пати, е една од приказните што не биле измислена. Во книгата и во филмот злосторството го направиле патниците од луксузен воз како одмазда на богатиот Американец, кој го носи на совест животот на мало момче. Овој лик е инспириран од вистинско момче.

Станува збор за двегодишно момче, киднапирано во март 1932 година од домот на легендарниот американски пилот Чарлс Линдерберг. Според полицискиот извештај, непознато лице влегло низ отворениот прозорец на вториот кат. Киднаперот прво барал откуп од 50.000 долари, а потоа го зголемил на 70.000. Детето го барале сите, а помош на Линдерберг му понудил дури и мафијашот Ал Капоне. Агата Кристи ја раскажала својата верзија за киднаперот.

По еден месец семејството добило јасни инструкции за размена. Иако семејството ги исполнило сите барања, детето не било на наведеното место. Неговото тело било најдено во средината на мај, на помалку од 2 километра од домот. Со експертиза се потврдило дека момчето било убиено истиот ден кога било киднапирано.



Била осомничена куќната помошничка, која била многу нервозна во текот на испитувањето. По неколку сослушувања, таа извршила самоубиство, а подоцна излегло дека нема никаква врска со киднапирањето.

Киднапирањето било разрешено дури во септември 1934 година. Убиецот бил столарот Бруно Хауптман, кој бил пронајден врз основа на хартиите од вредност што семејството ги дало како откуп. Тој бил погубен на електричен стол во април 1936 година.

„Монструм“

Според истрагата, уличната проститутка Ејлин Вуорнос кон крајот на 80-тите години на 20 век убила и ограбила седум луѓе - осамени средовечни мажи. Таа ги носела на некое скришно место и ги убивала застрелувајќи ги со пиштол со калибар од 22 милиметри. Тоа предизвикало интерес кај психијатрите криминолози.



Жените-убијци обично лично ја запознаваат жртвата, а потоа најчесто користат труење. Во овој случај не било ништо од наведеното, поради што било тешко да се влезе во трагата на серискиот убиец. Но, откако сведоците го идентификувале убиецот, таа изјавила дека мажите се обиделе да ја силуваат и дека станува збор за убиства во самоодбрана. Врховниот суд не ѝ верувал, така што во 1966 година ѝ била пресудена смртна казна, која била извршена шест години подоцна.

„Зодијак“


Сан Франциско, крајот на 60-тите години. Заљубен пар го паркира автомобилот на пусто место и се сместува на задното седиште. Непозната личност им влегува и им се заканува со пиштол, ги присилува младите луѓе да излезат, а потоа пука во нив. Ова е типично сценарио за низа злосторства извршени од манијакот со прекар Зодијак.

Убиецот сам си го дал прекарот во писмата испратени до полицијата и до локалните весници. Во нив тој им се потсмевал на детективите, тврдејќи дека веќе го испитувале како сведок и се закани дека ќе организира масовно убиство на деца. Тврдел дека на неговата листа има 37 жртви, иако полицијата потврдила само пет.



Освен нејасните коментари, тој оставал и писма со шифрирани пораки, при што во последното дури и го навел своето вистинско име. Пораките не биле решени, Зодијак престанал да се јавува, а истрагата отишла во ќор-сокак.

За овој убиец многу се пишувало и се снимале филмови. Во 2007 година негова интерпретација изнел и познатиот режисер Дејвид Финчер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура