X
 07.10.2019 Живот

Холандија го менува името

Владата во Хаг одлучи да го ребрендира името на државата од Холандија во Недерланд, како дел од обидите за подобрување на глобалниот имиџ.

Властите оценуваат дека треба да се обнови сликата за земјата бидејќи името Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери.

Новиот имиџ на земјата ќе се гради со името Недерланд, а ќе се популаризира на меѓународни настани, на пример, „Евровизија 2020“.

Предвидено е и спортистите на Олимпијадата 2020 во Токио да настапуваат под името Недерланд.

Во многу држави Холандија се поистоветува со целото кралство. Во земјата има две провинции - Северна Холандија и Јужна Холандија, но тие заедно опфаќаат 18 проценти од територијата на државата. Поголемиот број жители на јужните провинции Лимбург и Северен Брабант се против користење на името Холандија за цела земја.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот