X
 09.03.2022 Култура

Новиот трилер за кој зборуваат сите е снимен во Хрватска

Лејтон Мистер ја толкува главната улога во нов филм кој е снимен во Хрватска. Во последните денови сите зборуваат за овој филм, иако дел од коментарите не се позитивни.

„Патување за викенд“ (англ. The weekend away) деновиве е еден од најгледаните филмови на „Нетфликс“ во Хрватска бидејќи е снимен на повеќе локации во Сплит и на крајбрежјето. Во филмот може да се видат и хрватски актери, како Амар Буквиќ, Ива Михалиќ и Марко Браиќ.

Приказната се заснова на роман од авторката Сара Алдерсон, а се одвива околу две пријателки кои одат на патување во Сплит, но таму се соочуваат со кошмар откако едната од нив е убиена.

Меѓутоа, филмот не доби добри критики и многумина го оцениле како лош. 


Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура