Продукцијата на најновите холивудски филмови што се снимаат во Велика Британија ќе почне порано отколку што мислевме. „Гардијан“ пренесе дека Велика Британија подготвила препораки кои ќе им овозможат на филмските и телевизиските продукции во земјата да продолжат со работа и снимање.
Британската
филмска комисија и Британскиот филмски институт ги подготвиле препораките, а тие биле одобрени и потпишани од британското министерство за култура, медиуми и спорт, како и од овластените државни здравствени органи.
Фото: Pixabay
Според препораките, продукциските куќи ќе бидат одговорни да се задржи физичкото дистанцирање помеѓу вработените, да обезбедат тренинг за безбедност и да прават тестови за температура. Со овие препораки големите продукциски куќи, како „Ворнер брос“, која го снима новиот филм за Бетмен, ќе може да продолжат со снимањето кое беше прекинато поради пандемијата.
Продукциските куќи престанаа со снимање во средината на март. Минатата година филмските компании потрошиле рекордни 3,6 милијарди фунти за снимање филмови и серии во Велика Британија.
Автор: Џули Манси
Извор:
io9.gizmodo.com
Фото: Pixabay