Магазинот „Вог“ е познат по нешта што главно се поврзани со длабокиот џеб. Фактот дека објави приказна за љубовен пар бездомници од Брисел сам по себе е преседан. Запознајте ги Лили и Клод, кои го инспирирале фотографот Винсен Бикман да ја овековечи нивната љубов во една книга.
Винсен првпат ги фотографирал Лили и Клод во 2015 година. Ги фотографирал додека се гушкале, се држеле за раце и се бакнувале. Тие фотографии ги направил за нив - едноставни слики од љубовта.
За 23 години, колку што поминале заедно, тие живееле тежок живот во Брисел. Се селеле од мали станови на улица и обратно. Во јуни минатата година Лили починала и Клод останал сам. Книгата со фотографии што ја објави Бикман е направена за него, за неговиот спомен на Лили и годините што ги минале заедно. Истовремено таа книга е направена и за сите луѓе на кои им е потребен потсетник дека секој заслужува љубов.
Еве што раскажува Клод за животот што го живееле со Лили.
„Лили ја запознав додека работев на панаѓур во Брисел. Ја запознав на 14 јули 1995 година. Газдата на еден бар ме праша: 'Клод, сакаш ли да одиш со неа бидејќи нејзиниот маж ја тепа?' Реков дека сакам. Дури и ја напуштив работата заради неа. Отидов со неа и долго останавме заедно, 23 години. Тоа беше љубов на прв поглед. Рече: 'Клод, морам да ти кажам, јас не знам да готвам'. А јас ѝ одговорив: 'Нема проблем, јас сум касап и можам да готвам и за тебе'. Таа навистина сакаше да јаде, па ѝ готвев. Можеби поради тоа беше силна. Дури и кога Лили беше млада, беше јака, дури и кога мажот бараше од неа да се проституира, таа му рече не и успеа да му се спротивстави и да го победи.
Се заљубив во нејзината едноставност. Таа не беше жена што живееше во луксуз или го сакаше. Никогаш не се шминкаше, никогаш ништо не ставаше на лицето. Само постојано велеше: 'Имам проблем. Многу се мали...' Мислеше на нејзините гради. Јас ќе ѝ речев: 'Тоа не е важно. Тоа Бог ти го дал'.
Живеевме на улица и на различни места, па во станот на мојот брат, кој изврши самоубиство. Потоа живеевме на улица подолго од десет години, но и во мали станови додека не нè исфрлија. Но, на крајот секогаш наоѓавме ново место. Се провлекувавме.
Најромантичниот момент што го имавме заедно беше додека бевме во шума во Род-Сен-Женез, близу до Брисел, таму пораснав. Градоначалникот нè виде додека водевме љубов. За среќа ја познавав, па рече само: 'Само не заборавајте да си ги земете сите работи'. И знаете што? Таму ја заборавивме нашата долна облека. И двајцата. Тоа е вистината.“
Лили починала на 6 јуни 2018 година, а Клод бил покрај неа до крајот. Нивната љубов живее преку фотографиите на Винсен Бикман.
- Омилена фотографија ми е онаа на која Лили носи сина јакна. Ми се допаѓаат фотографиите на Винсен и се сеќавам на сите места на кои се направени фотографиите, времето кога се направени, дури и роденденот на Лили, кога Винсен донесе шише шампањ за да прославиме - вели Клод.
View this post on Instagram
A Love Story! Now ready to pre-order! Vincen Beeckman, Claude & Lilly | text by @colin_pantall | 12,7 x 21,6 cm, 36 p, ills colour, pamphlet stitch, English | “I met Lilly when I was working at the Foire du Midi fair in Brussels,” says Claude van Halen of his late partner, Liliane Maes. “I met her on the 14th of July 1995. The boss of a bar asked me, « Claude do you want to go with her because her man is beating her? » I said yes. I even left my job for her. I went with her and and we stayed together for so long, for 23 years.” Lilly passed away on 6th June 2018, Claude by her side till the end. The romance between them is kept alive through Vincen Beeckman’s pictures of Claude and Lilly. They are pictures of love, small sequences of affection, of touching, holding, kissing and being together in each other’s company. Design by @6m56s #photobook #photography #photobookjousting
A post shared by Art Paper Editions (@artpapereditions) on
Тој вели дека никогаш нема да најде друга Лили.
- Затоа сакам да одам во старски дом. Чекам да се случи тоа. Секоја година ја сакав сè повеќе и повеќе. Мојата љубов растеше и никогаш не престана -
истакнува Клод.