X
 05.05.2019 Живот

Милијардер донира 30 милиони долари за проучување на бездомништвото

Милијардер од Сан Франциско му донира 30 милиони долари на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско за да ги истражи причините за бездомништвото и потенцијалните решенија.

Извршниот директор на „Сејлсфорс“, Марк Бениоф, го искористи бездомништвото како филантропски повод, давајќи милиони долари за градска мерка од 2018 година за оданочување на богатите компании во рамките на борбата против бездомништвото.

Петгодишната иницијатива финансирана од Бениоф и неговата сопруга ќе придонесе за академско истражување, ќе обезбеди сведочења и информации.

Придонесот од 30 милиони долари е најголемата приватна донација за финансирање на истражувањата на бездомништвото.

Во меѓувреме, некои жители на Сан Франциско се фрустрирани од технолошките компании како „Сејлсфорс“, велејќи дека тие придонесуваат за нееднаквоста со високоплатените работни места, поради што се зголемуваат цените на кириите.

Секоја ноќ во Сан Франциско повеќе од 4.000 луѓе спијат на улица. Медијаната на цената на дом со две спални соби во овој град е 1,3 милион долари. Фамилија што годишно заработува 117.400 долари во Сан Франциско се смета за фамилија со ниски примања.

Бениоф се обратил до универзитетот затоа што сака службениците кои ги трошат парите од даноците да носат одлуки со најдобрите достапни податоци. Планот е истражувачите да ги анализираат податоците и да обезбедат неутрална и доверлива анализа.

Иницијативата ќе може, на пример, да му помогне на градот да одлучи дали и како да имплементира програма за менаџмент на алкохол, да ги проучи резултатите од програмата и потоа да ги сподели информациите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот