X
 03.02.2019 Живот

Непознат човек платил престој во хотел за 70 бездомници од Чикаго среде најголемиот студ

Непознат добар човек спасил 70 бездомници од рекордно ниските температури во Чикаго така што им платил престој во хотел.

Американските медиуми пренесуваат дека луѓето логорувале во шатори откако нивните боци со пропан биле конфискувани во време кога температурите беа и 32 степени под нулата.

Се очекуваше градот, кој беше зафатен од поларен вител, да биде постуден од Антарктикот, Алјаска и Северниот Пол.

Фото: Standard

Жаклин Рашев, портпаролка на хуманитарната организација „Спасувачка армија“, истакнува дека групата поставила импровизиран камп и користела донирани боци за да се стопли, но една боца експлодирала.

По инцидентот пожарникарите ги отстраниле сите други боци затоа што претставувале закана за безбедноста.

Рашев додаде дека додека се подготвувал импровизиран центар за затоплување, таа била известена од страна на градот дека неименуван донатор ќе им плати сместување во хотел.

Само едно лице не ја прифатило понудата и одбрало да остане во центарот за затоплување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот