Експертите по математика во Србија предложија решение за тоа како треба да изгледа матурскиот испит на крајот од средно училиште, кој би требало да ги замени приемните испити на универзитетите.
Водечките математичари предлагаат општата матура да вклучува два задолжителни општообразовни предмети - српски, односно мајчин јазик и литература и математика, како и еден или два изборни општообразовни предмети.
Кога станува збор за стручна матура, тие предлагаат полагање на два задолжителни општообразовни предмети - српски јазик и литература и математика, како и стручен испит од основната струка која би се изработувала во два дела - теоретски и практичен.
Ова е предлог позади кој застана Математичкото друштво на Србија, Факултетот за математика при Универзитетот во Белград, Математичкиот институт при српската академија на науките и уметностите, Математичката гимназија во Белград и д-р Миодрга Матељевиќ, член на САНУ.
Реализацијата на матурскиот испит во областа на математиката може да биде на две нивоа кои би ги избирал кандидатот - и кај општата и кај стручната матура, меѓутоа испитот мора да биде задолжителен. Ова е посебно важно во напорите српските граѓани да бидат луѓе кои добро мислат, правилно аргументираат, логично заклучуваат и донесуваат соодветни одлуки, како и зголемување на капацитетот на Србија во областа на информатичката технологија, што е од големо значење за напредокот на земјата.