X
 14.12.2022 Образование

Американка дипломирала по 71 година откако се запишала на факултет

Џојс Дифо од САД во 90-тите години конечно ја зела својата универзитетска диплома, по 71 година откако се запишала на факултет.

Таа ја почнала првата година на Универзитетот во Северен Илиноис во 1951 година со план да дипломира во областа на економијата. Плановите се смениле кога таа го запознала својот прв сопруг, три и пол години по запишувањето на студиите. Тие се венчале во 1955 година и имале три деца.

По пет години откако тој починал, Џојс повторно се венчала и со вториот сопруг имала шест деца. Таа сега има 17 внуци и 24 правнуци. Во 2019 година покажала интерес за факултетското образование што го оставила зад себе.



- Веројатно сум споменала дека сум вознемирена што не сум го завршила факултетот и моите деца ме охрабрија да се вратам - изјавила таа.

Таа ја следела наставата онлајн на својот прв компјутер кој научила да го користи за да ги заврши студиите.

- Понекогаш сакав да се откажам, но не го сторив тоа - открила таа.



По три години откако се вратила на факултет, таа добила диплома од универзитетот.

- Не откажувајте се, знам дека може да биде тешко, но сѐ во животот има свои подеми и падови - изјавила Џојс.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование