X
 04.12.2019 Образование

Финска има најефикасен образовен систем во светот

Учениците од Сингапур и Хонг Конг поминуваат многу време учејќи и во училиштето и надвор од него, и имаат одлични резултати во ПИСА, тест на ОЕЦД за 15-годишници. Други, на пр., во САД, поминуваат многу време во учење, но добиваат лоши резултати; се чини дека бескрајните лекции и домашните задачи не даваат никакви резултати.

Но, во земји како Финска - каде што училиштето почнува на седумгодишна возраст, нема многу домашни, а децата не прават тестови - учениците имаат одлични резултати иако помалку учат. Андреас Шлејхер, шеф на единицата за образование во ОЕЦД, ова го нарекува „продуктивност во учењето“.

Во однос на тестот за читање, финските ученици се најдоа на врвот, а по нив следуваат Германија и Шведска. Во овие земји учениците учат многу за малку време. Канада, Јапонија и Британија излегоа со продуктивност над просекот на ОЕЦД, но Кина, Сингапур и САД се рангираа под просекот.

1
Фото: OECD


На другиот крај на скалата, учениците во Обединетите Арапски Емирати поминуваат најмногу време во учење, но резултатите од ПИСА-тестот се релативно ниски.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование