Џејн Поинтер, еден од основачите на вселенската компанија „Спејс перспектив“, тврди дека нејзината компанија веројатно ќе биде првата што ќе организира венчавки во вселената.
- Веќе имаме интерес од луѓе кои сакаат да бидат првите што ќе стапат во брак во вселената, па ќе видиме кој ќе биде првиот пар - изјавила таа.
Церемонијата веројатно би се одржала на вселенскиот брод „Нептун“, кој е пристапен, одржлив и безбеден, според компанијата. Вселенскиот брод се крева до вселената со балон наместо со ракета. Затоа, во него може да летаат сите што се доволно здрави за да летаат со комерцијален авион.
Технологијата се користи со децении за мисии на американската вселенска агенција НАСА и други владини агенции за кревање истражувачки телескопи и други тешки и чувствителни инструменти.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија:
Space perspective