X
 05.02.2017 Уметност

Пред фотографиите од вселената, постоеле детални илустрации

детали

Денес сосема ни е вообичаено кога гледаме фотографија од вселената, со оглед на фактот што НАСА скоро секој ден ги објавува. Овие фотографии ни помагаат да ја проучиме вселената до неверојатен детаљ. Но, некогаш не било така. Затоа францускиот уметник и астроном од 19-от век, Етиен Леополд Троувелот, во негово време бил прилично важен.

Троувелот на почеток сакал да биде ентомолог, кога во 1852 година од Франција пристигнал во Америка, Масачусетс. Но, откако му пропаднал клучниот проект со молци, се насочил кон други работи во кои бил добар - астрономија и уметност.

Благодарение на илустрациите од вселената кои ги работел добил работа во харвардската опсерваторија, а подоцна и во опсерваторијата на американската морнарица каде имал пристап до најдобрите телескопи во државата. Посебно го привлекувал сонцето.

Троувелот во текот на неговата кариера создал над илјада прекрасни илустрации од вселената. Неговата интерпретација настанала преку негово набљудување на вселената, и тоа бил единствениот начин кој на луѓето му овозможувал да имаат претстава за нешто што не можеле да го видат. Во продолжение се неколку од неговите илустрации од вселената.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност