X
 09.06.2020 Образование

Речиси 30% од студентите планираат да ја променат кариерата поради Ковид-19

Студентите низ светот мораа да почнат да користат онлајн-алатки за да го продолжат образованието овој семестар откако беше прогласена пандемијата на коронавирусот. Училиштата и универзитетите ги затворија вратите за да се спречи потенцијално забрзано ширење на коронавирусот. Ново истражување покажува дека кризата променила и нешто друго кај многу студенти - интересот за идната професија. 


Фото: Pexels

Истражувањето спроведено од „Римоут интерншип“ на 2.000 испитаници (85% од испитаниците биле од САД) открило дека 61,6% од студентите планираат да го завршат високото образование и покрај Ковид-19. 34,6% изјавиле дека не се сигурни, а останатите 3,8% одлучиле да се откажат од студиите поради влијанието на коронавирусот.

Според истото истражување, 28% од испитаниците сериозно размислуваат за промена на студиската програма, односно за промена на планираната кариера по студиите поради коронавирусот. Дури 41% од студентите кои пред кризата планирале да работат во невладина организација сега сакаат да ја променат професијата.


Фото: Pexels

На краток рок, 22,6% од студентите што учествувале во истражувањето планираат да направат едногодишна пауза во студиите, а поголемиот дел од нив (54,5%) ќе го направат тоа за да работат.

Сепак, дури 73% од испитаниците изјавиле дека ќе продолжат со студиите дури и доколку предавањата се спроведуваат онлајн.

Автор: Н. Ф. Мендоза
Извор: techrepublic.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование