X
 13.04.2020 Живот

А1 Македонија со збогатена понуда за деловните корисници

Живееме и работиме во вонредни услови кои се предизвик за секој од нас. Но, кризата предизвикана од Ковид-19 несомнено најмногу влијае врз компаниите. Сега, повеќе од кога било имаат потреба од користење дигитални технологии како за да се забрза нивниот раст така и за да се иновираат процесите, производите и услугите. Охрабрува фактот што дури 63,3 отсто од компаниите на нашите простори сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа.

Во овие моменти, кога сме сите дома и професионалните обврски ги завршуваме преку дигиталните алатки за комуникација, зголемена е потребата од видеоконференциски услуги кои се пред сè безбедни. Исто така, во време кога бизнисите се соочуваат со оптовареност на нивните веб-страници и веб-апликации што ги нудат, според последните податоци за 1500 % споредено со претходно, потребни се сервери со голем капацитет.

Потребата од ИКТ-услуги во бизнис-сегментот ја препознава и А1 Македонија, која во оваа предизвикувачка економска ситуација во која се наоѓа нашата земја на сите деловни корисници кои ќе склучат нови договори им овозможува промотивно бесплатно користење на cloud услуги до 30.06.2020 година.

a1

Имено, сите корисници до 30.06.2020 може бесплатно да ја користат услугата за професионална видеоконференција на „eyeson“, која овозможува безбедност при користењето, бидејќи податоците што ги пренесувате или споделувате во текот на повикот се заштитени согласно строгите европски закони за заштита на приватноста. Комуницирањето е безбедно, се избегнуваат состаноци во живо и на овој начин се придонесува кон јавното здравје и заштита од Ковид-19.

Компаниите, пак, што се соочуваат со капацитативни проблеми на нивните сервери може да ја искористат и промоцијата со 100% попуст на месечната претплата за хардверски ресурси на А1 виртуелните приватни сервери (IaaS) и европската cloud платформа Exoscale (со локација во Минхен) за да обезбедат континуитет во работата без впуштање во нови инвестициски трошоци за хардвер. Исто така, компаниите што имаaт потреба од масовно испраќање на СМС за да останат во контакт со своите клиенти можат да потпишат договор за користење на СМС-модул од услугата Cloud messaging на А1 и да добијат 100% попуст на месечната претплата.

А1 Македонија постојано ја збогатува понудата за деловните корисници со решенија кои значат уште поедноставно и поефикасно функционирање на бизнисите во вонредни услови.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот